ВО ОПШТИНА БУТЕЛ СЕ РАСЧИСТУВААТ ЧЕТИРИ ДИВИ ДЕПОНИИ

Денес во соработка со ЈП Комунална хигиена-Скопје започнаа активности за расчистување на четири диви депонии . Депониите, составени од мешан комунален, кабаст и градежен отпад, се лоцирани на улицата Бетовенова, како и улиците Александар Урдаревски и Лазар Трповски, во непосредна близина на гробиштата.  Очекуваме до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 300 кубни метри несовесно одложен отпад од јавните површини.   И во оваа прилика апелирамe до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што само со правилно и совесно одлагање на отпадот можеме да ја заштитиме животната околина и јавното здравје.