Органограм

1. Сектор за поддршка на градоначалникот и советот на општината
Секторот за подршка на градоначалникот и советот на општината ги врши следните работи: oбезбедување вршење на работите од подрачјата за кој е формиран Секторот, а кои се поврзани со функциите на Општината согласно Законот за локалната самоуправа, други закони, прописи и општи акти; ја прима и распоредува поштата упатена до Градоначалникот на Општината;одговара за организацијата и спроведувањето на информирањето на јавноста и медиумите за активностите на органите на Општината, јавните претпријатија и јавните установи од надлежност на општината;прима и постапува по усни и писмени претставки од граѓаните од надлежната област; се грижи за организацијата и за подготовката на белешки и записници од протоколарните и работните средби и состаноци на Градоначалникот на Општината; ги организира протоколарните и работните средби и состаноци на градоначалникот на Oпштината;се грижи за подготовката на материјалите и информациите што му се потребни на градоначалникот на општината за неговите средби и состаноци;се грижи за организирање на работите поврзани со посетите на Градоначалникот во странство;одговара за дефинирањето на содржините и информациите што се пласираат на веб-страната на општината; организира и спроведува анкети и јавни трибини по прашања од надлежност на општината; дава предлози за иницирање или унапредување на соработката на Oпштината со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори;ја координира и учествува во реализацијата на соработката на општината со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори;се грижи и учествува во подготовката на годишната и среднорочната програма за соработка со збратимените градови;ја следи и се грижи за реализацијата на програмите за соработка со збратимените градови; дава стручна помош во подготвувањето и реализирањето на седниците на Советот и работните тела на Советот; дава насоки за изготвување на Записници и потсетници за седниците на Советот и работните тела на Советот; учествува во изготвувањето на заклучоци, мислења, извештаи и други видови материјали за Советот и работните тела на Советот; учествува и ги подготвува и обликува актите на Советот за прогласување и објавување.

Oдделението за координација на активностите на градоначалникот, информирање, комуникација со граѓани и протоколарни работи, ја прима и распоредува поштата упатена до Градоначалникот на Општината;одговара за организацијата и спроведувањето на информирањето на јавноста и медиумите за активностите на органите на Општината, јавните претпријатија и јавните установи од надлежност на општината;прима и постапува по усни и писмени претставки од граѓаните од надлежната област; се грижи за организацијата и за подготовката на белешки и записници од протоколарните и работните средби и состаноци на Градоначалникот на Општината; ги организира протоколарните и работните средби и состаноци на градоначалникот на Oпштината;се грижи за подготовката на материјалите и информациите што му се потребни на градоначалникот на општината за неговите средби и состаноци;се грижи за организирање на работите поврзани со посетите на Градоначалникот во странство;одговара за дефинирањето на содржините и информациите што се пласираат на веб-страната на општината; организира и спроведува анкети и јавни трибини по прашања од надлежност на општината; дава предлози за иницирање или унапредување на соработката на Oпштината со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори;ја координира и учествува во реализацијата на соработката на општината со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори;се грижи и учествува во подготовката на годишната и среднорочната програма за соработка со збратимените градови;ја следи и се грижи за реализацијата на програмите за соработка со збратимените градови;врши други работи што ќе му ги довери раководителот на секторот.

Oдделението за подршка на советот и работните тела на советот врши стручни, организациони и други работи во подготвувањето и реализирањето на седниците на Советот и работните тела на Советот; изготвување на Записници и потсетници за седниците на Советот и работните тела на Советот; дава мислења во врска со изготвување на заклучоци, мислења, извештаи и други видови материјали за Советот и работните тела на Советот од аспект на нивна усогласеност со законите и другите прописи; изготвува заклучоци, мислења, извештаи и други видови материјали за Советот и работните тела на Советот; организира и извршува работи на преведување и лекторирање на актите; обезбедување устен и симултан превод за потребите на Советот при одржување на седниците и објавување на материјалите од седниците; обликување и подготвување на актите на Советот за прогласување и објавување.
2.Сектор за нормативно-правни работи, јавни дејности и општи работи
Сектор за нормативно-правни работи, јавни дејности и општи работи ги врши следните работи: ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа и се грижи за нивна примена во општината; ги следи прописите од својата област и дава мислење по истите; изготвува општи и поединечни акти од надлежност на градоначалникот и Советот од надлежната област согласно закон; застапување на општината во правните работи и спорови пред надлежните судови и други органи во РМ по претходно овластување од градоначалникот; ги прима и заведува во деловните книги документите на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на РМ; презема активности во вршењето на дејностите од јавен интерес (културата, образованието, спортот, здравствената, социјалната и детската заштита; врши работи од областа на цивилната заштита (во областа на заштита и спасување на граѓаните, материјалните добра од воени разурнувања и елементарни непогоди и други несреќи) и од последиците предизвикани од нив; презема активности за основање и за учество во управувањето на основните училишта и детските градинки; врши и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност согласно законите и другите прописи.

Одделението за нормативно - правни, административни и општи работи ги врши работите што се однесуваат на: изготвување одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на градоначалникот и на советот на општината; дава мислење на актите од аспект на нивната законитост; ги следи прописите и нивните измени и дополнувања; застапување на општината во правните работи и спорови пред надлежните судови и други органи во РМ по претходно овластување од градоначалникот;врши стручни и организациони работи за советот и градоначалникот; обезбедување на непречено одржување на редот во општинската зграда; упатување на странките до надлежните служби и канцеларии; обезбедување на непречено работење на опремата, инвентарот и инсталациите во работните простории, добавка на канцелариски материјали, ситна опрема и инвентар и евиденција на залихите на материјали, обезбедување на непречено функционирање на моторните возила; достава на материјали за потребите на Советот на општината и општинската администрација; возење по потреба, раководни, стручни, стручно-административни државни службеници; обезбедување на непречено снабдување и достава на услуги на варење на кафе, чај и други пијалоциврши и други работи што ќе му бидат доверени од советот и градоначалникот на општината.

Одделението за јавни дејности и месна самоуправа ги врши работите кои се однесуваат на: културата, културните установи и проекти, негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности, организирањето манифестации, потикнувањето на разновидни специфични форми на творештво, развојот на масовниот спорт и рекреативните активности, организирањето на спортски приредби, одржувањето и изградбата на објекти за спорт, поддршка на спортски сојузи, социјалната заштита на децата-детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување), остварување на социјална грижа за инвалидни лица, децата без родители и родителска грижа, децата со воспитно-социјални проблеми, деца со посебни потреби, децата од еднородителски семејства, децата на улица, лицата изложени на социјален ризик, лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварување на право и воспитување на децата од предучилишната возраст во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита, администрирање на основните училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз на ученици; спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓани и материјални добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи од последици предизвикани од ниви други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
3. Сектор за финансиски прашања
Секторот за финансиски прашања го контролира спроведувањето на финансиското управување и контрола, спроведува екс-анте и екс-пост финансиска контрола, благајничко работење, подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација, пресметувањето и исплатата на платите на вработените во субјектот, го следи целосното и навременото прибирање на приходите, го следи навременото плаќање на расходите во согласност со процедурите за преземање на обврски и извршување на плаќања, подготвува стратешки план и предлог Буџетот за наредната година и повеќегодишните проекции поврзани со буџетот, ја следи усогласеноста на извршувањето на буџетот во целост или за одделни ставки со процедурите донесени од раководителот на субјектот, подготвува предлог за изменување и дополнување на буџетот, завршната сметка на општината, изготвува Годишен финансиски извештај согласно Законот за јавна внатершна финансиска контрола, води евиденција за имотот на општината, утврдувањето и наплатата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на општината, врши и други работи од областа на финансиското управување и контрола.

Одделението за буџетска координација и буџетска контрола го координира процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиско управување и контрола, изготвува план за воспоставување на финансиско управување и контрола како и методологија за спроведување на планот кои ги одобрува раководителот на субјектот, подготвува стратешки план и предлог буџет за наредната година и повеќегодишни проекции поврзани со буџетот, подготвува предлог за изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план, подготвува Годишен финансиски извештај согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, подготвува решенија за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет, врши контрола на извршувањето на буџетот; контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола); следење на реализацијата на договорите за јавните набавки и спроведува екс-анте и екс-пост финансиска контрола, вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници, работни налози, приемници и друго и нивна усогласеност со договорот за јавни набавки); изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот; следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандарди, упатства) од областа на финансиското управување и контрола; контрола на расположивоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврските.

Одделението за сметководство и плаќање спроведува сметководствено евидентирање за извршување на буџетот, основните средства, наплата на побарувањата и плаќањето на достсаните обврски, воспоставува ревизорска трага, односно документарен тек на финансиските и други трансакции од нивниот почеток до крај, спроведува навремено, точно и целосно евидентирање на плаќањата во финансиското сметководство, изготвува завршна сметка, изготвува месечни финансиски извештаи за реализација на извршувањето на буџетот по организациони единици согласно решението за внатрешна распределба на буџетот по програми и ставки, врши заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба, изготвува и доставува до трезорот, годишни, квартални и месечни финансиски планови за ивршување на буџетот, спроведува ех анте контрола на документацијата пред извршување на плаќање, изготвува налози за плаќање и врши пресметка и исплата на плати и благајничко работење.
4. Сектор за јавни набавки
Секторот за јавни набавки врши работи на организирање на постапките за јавни набавки за потребите на општината;изработка на годишен план за јавни набавки во законски предвидениот рок по видови на стоки, услуги и работи; заедно со надлежните сектори и одделенија на општинската администрација врши подготовка на документацијата за јавни набавки;извршува нормативно-правни, техничко-административни и други работи за потребите на Комисијата за јавни набавки; води регистар за јавни набавки; подготвува извештаи и други известувања согласно на позитивните законски прописи;води евиденција на јавните набавки согласно на Законот за јавни набавки и подзаконските акти, непосредно соработува со Бирото за јавни набавки како и другите надлежни органи и институции; изработува нормативно-правни акти потребни за спроведување на постапките за јавни набавки; средување и архивирање на материјалите од спроведените јавни набавки.

Одделението за администрирање на јавни набавки ги врши работите на координација соорганизационите единици за подготовката на документацијата за јавните набавки;постојано следење на понудата и побарувачката за набавките предвидени во планот за јавни набавки;истражување на пазарот во врска со постапките за јавни набавки;води регистар за јавни набавки; подготвува извештаи и други известувања согласно на позитивните законски прописи;води евиденција на јавните набавки согласно на Законот за јавни набавки и подзаконските акти; помагање во извршувањето на работи што се однесуваат на оформување на техничката документација и техничката спецификација и стандардите поврзани со јавните набавки;се грижи за примената на стандардите (македонски, европски, меѓународни) и технички атести;прибира податоци неопходни за подготовка на извештаите, анализите и информациите за јавните набавки.

Одделението за планирање и спроведување на постапките за јавни набавки врши работи на организирање на постапките за јавни набавки за потребите на општината;изработка на годишен план за јавни набавки во законски предвидениот рок по видови на стоки, услуги и работи; заедно со надлежните сектори и одделенија на општинската администрација врши подготовка на документацијата за јавни набавки;извршува нормативно-правни, техничко-административни и други работи за потребите на Комисијата за јавни набавки;ги објавува огласите за јавни набавки;ја подготвува и организира работата на Комисијата за јавни набавки;учествува во подготовка на тендерската документација за постапките за јавни набавки; ги подготвува и ги спроведува решенијата/одлуките на Комисијата; следење на реализирањето на склучените договори за јавни набавки; следење на појавата на дополнителни работи при реализација на договор;контролирање на вредноста на реализираната набавка и проценетатата вредност на истата; пријавување на одредени проблеми кои би можеле да се појават во текот на реализација на договорот; средување документи за наплата по завршена работа (услуга).
5. Сектор за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој
Секторот за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој ги врши работите поврзани со урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавање на одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со закон; утврдување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина; мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето и друг вид на заштита; ја спроведува политиката за локален економски развој согласно програмите на советот и градоначалникот на општината; врши и други работи од надлежност на општината поврзани со урбанизмот,комуналните работи,заштита на животната средина и локалниот економски развој.

Одделението за урбанизам, просторно планирање и градежништво ги врши работите што се однесуваат на просторното и урбанистичкото планирање во општината и покренување иницијативи и предлози за донесување или изменување на детални урбанистички планови; издавање изводи од ДУП, решенија за локациски услови, одобренија за градби за објекти од надлежност на општината; врши и други работи од надлежност на општината.

Одделението за комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР ги врши работите што се однесуваат на следење на состојбите и организирање изградба, реконструкција и одржување на јавното зеленило, дрворедите, фонтаните и друга комунална опрема оставена на улиците и на други јавни површини;врши работи поврзани со заштитата и унапредувањето на животната средина и природата;се грижи за јавното осветлување на подрачјето на општината, врши одржување на локални патишта; спроведува политиката за локален економски развој согласно програмите на Советот и на градоначалникот на општината, како и спроведување постапки за обезбедување донации за локален развој и изградба на општината; соработува околу прибирањето на податоци за аплицирање со конкретни проекти од име на општината; предлага и спроведува мерки за подршка на развојот на мали и средни претпријатија и претприемништвото; води регистар на деловни субјекти на територија на Општината; изготвува стратегии и планови за локален економски развој, стратегија за подршка на развојот на мали и средни претпријатија и претприемништвото и акциските планови за нивна реализација; следење на состојбата во локалната економија и подготовка на стратешки и акциски документи и податоци потребни за подготовка на конкретни проекти од областа на локалниот економски развој; изготвува проекти од областа на локалниот економски развој; следи конкурси за домашни и странски донации, изготвува проекти и аплицира по истите; врши и други работи кои што ќе му бидат доверени врз основа на закон или друг пропис.
6. Сектор за внатрешна ревизија
Сектор за внатрешна ревизија врши внатрешна ревизија согласно со закон и со ситемот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансии; врши надзор (контрола) за навремена, економична и ефикасно остварување на правата и интересите на граѓаните во постапката за остварување на нивните права во општинската администрација; подготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрувањето од градоначалникот на општината, го обезбедува неговото обезбедување и следење; следи дали се запазуваат пропишаните рокови во управната постапка како и роковите определени со акти на други органи; доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до градоначалникот; подготвува квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија; врши оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на градоначалникот на општината за намалување на факторите на ризик; врз основа на анализи од работењето, ја утврдува и оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација; ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметкопводствената евиденција и финансиските извештаи; ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и актите на органите на Општината.

Одделението за ревизија на системите за внатрешна контрола и ревизија на усогласеност врши внатрешна ревизија согласно со закон и со ситемот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансии; подготвува квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија; врши оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на градоначалникот на општината за намалување на факторите на ризик; врз основа на анализи од работењето, ја утврдува и оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација; ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и актите на органите на Општината.

Одделението за финансиска ревизија и ревизија на успешност врши надзор (контрола) за навремена, економична и ефикасно остварување на правата и интересите на граѓаните во постапката за остварување на нивните права во општинската администрација; ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи; обезбедува евидентирање на ревизорски активности и ревизорски докази, како и чување на документите од ревизиите најмалку 10 години; ја утврдува и оценува усогласеноста на работењењто со законите, подзаконските акти и актите на општината; врши и други работи во согласност со законите и другите прописи.
7. Одделение за инспекциски работи – општински инспекторат
Одделението за инспекциски работи – општински инспекторат врши инспекциски надзор над вршењето на работите под надлежност на општината, врз основа и во согласност со закон ја координира својата работа со другите сектори во рамки на општинската администрација; врши инспекциски надзор во областа на комуналните работи, комуналната хигиена; градежништвото; урбанистичкото планирање; заштитата на животната средина; домувањето и управувањето со станбените објекти; и други работи од надлежност на општината.
8. Одделение за управување со човечки ресурси
Одделението за управување со човечки ресурси ги споведува надлежностите од областа на развој на органот;се грижи за развојот на органот; носи Програма за работа на одделението, како составен дел од програмата за работа на органот; го воспоставува информативниот систем за човечки ресурси; се грижи за правата од работен однос на вработените во органот; го следи развојот на организациската култура во органот; остварува комуникација со други одделенија и одделенијата со човечки ресурси од други органи; се грижи за правилна примена на законските и подзаконските акти од областа на човечките ресурси, вклучувајќи ги и оние поврзани со правичната застапеност на заедниците; континуирано ја следи состојбата со човечките ресурси, односите меѓу вработените; ја следи потребата од обуки и развој на капацитетите на човечките ресурси и во таа насока изработува нацрт годишна програма за обука на административни службеници во органот; определува правила и постапки за однесување на вработените со кои се воспоставуваат позитивни односи и промоција на високо ниво на етика и мотивација; се грижи за унапредување на дисциплината и дисциплинската одговорност и оценување; носи нацрт опис на работни места и ја подготвува Одлуката за организацијата на општинската администрација, нацрт правилникот за систематизација на работните места во органот; подготвува, извештаи, анализи и други информации за потребите од областа на човечките ресурси и дава предлози за нови вработувања; врши и други работи восогласност со законите и другите прописи.