ОПШТИ ПОДАТОЦИ
Со усвојувањето на новиот закон за територијална поделба во април 2005 година, формирана е новата општина Бутел,која до таа година беше интегрирана во склоп на општината Чаир.
Првата седница на Советот на новата општина Бутел е одржана на 22 април 2005 година.
Бутел е општина во склоп на градот Скопје и се протега во една од најразвиените котлини односно Скопската Котлина.
Се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина и градот Скопје.
Општина Бутел опфаќа површина од 54,71км2 и се граничи со следниве општини: на запад и север се граничи со општината Чучер Сандево,на североисток со општина Липково а на југ со Чаир и Карпош.На исток општината Бутел се граничи со општината Гази Баба а на југозапад со општината Шуто Оризари.

ГОЛЕМИНА
Бутел е четврта по големина општина во Скопје, осма по бројот на жители. Во својот состав, општината опфаќа 4 села и 4 урбани населби:
• Села: Љубанци, Визбегово, Радишани и Љуботен.
• Урбани населби: Бутел I, Бутел II, Радишани и Љуботенски пат.
Според пописот од 2002 година, општината Бутел има 36.184 жители. Просечната густина е 661 жител на км2
Првата седница на Советот на новата општина Бутел е одржана на 22 април 2005 година.
Бутел е општина во склоп на градот Скопје и се протега во една од најразвиените котлини односно Скопската Котлина.
Се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина и градот Скопје.
Општина Бутел опфаќа површина од 54,71км2 и се граничи со следниве општини: на запад и север се граничи со општината Чучер Сандево,на североисток со општина Липково а на југ со Чаир и Карпош.На исток општината Бутел се граничи со општината Гази Баба а на југозапад со општината Шуто Оризари.

НАСЕЛЕНИЕ
Според етничката структура во општина Бутел најбројно население се:
Македонците,а најмалкубројни се Ромите,Власите и останато население.

ЕКОНОМИЈА
Најважни индустрии во општината се: трговија на големо и мало, транспорт и складирање, градежна индустрија и прехранбена индустрија. Индустриската зона Визбегово исто така се наоѓа на територијата на општина Бутел, како и планираната нова економска зона "Расадник".
Според податоците на Централниот регистар, бројот на регистрирани фирми во општина Бутел е 2.663.
Активни компании по големина на 31.12.2012 година во Бутел и Македонија
Активни компании по големина на 31.12.2012 година во Бутел и Македонија

УРБАНО-РУРАЛЕН СОСТАВ
Структура на населението и површината во зависност од урбаниот / руралниот карактерСпоред податоците на Централниот регистар, бројот на регистрирани фирми во општина Бутел е 2.663.
Активни компании по големина на 31.12.2012 година во Бутел и Македонија
Активни компании по големина на 31.12.2012 година во Бутел и Македонија

Од горенаведените податоци може да се заклучи дека близу 3/4 од вкупното население на територијата на Општина Бутел живее во урбана средина која опфаќа површина од нешто повеќе од половина од вкупната површина на која се протега Општина Бутел и 1 / 4 од населението живее во рурална област која покрива површина помала од половина од вкупната површина.
Активни компании по големина на 31.12.2012 година во Бутел и Македонија
Активни компании по големина на 31.12.2012 година во Бутел и Македонија