Работно време, од 08:00 до 16:00 ч | Приемни денови Урбанизам, од 08:00 до 13:00 ч
Работно време, од 08:00 до 16:00 ч | Приемни денови Урбанизам, од 08:00 до 13:00 ч

За Општината

Со усвојувањето на новиот закон за територијална поделба во април 2005 година, формирана е новата општина Бутел,која до таа година беше интегрирана во склоп на општината Чаир.

Првата седница на Советот на новата општина Бутел е одржана на 22 април 2005 година.

Бутел е општина во склоп на градот Скопје и се протега во една од најразвиените котлини односно Скопската Котлина.

Се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина и градот Скопје.

Општина Бутел опфаќа површина од 54,71км2 и се граничи со следниве општини:  на запад и север се граничи со општината Чучер Сандево,на североисток со општина Липково а на југ со Чаир и Карпош.На исток  општината Бутел се граничи со општината Гази Баба а на југозапад со општината Шуто Оризари.

34016700_2100309290217422_8344263686734479360_n
Затвори