- ЗА ОПШТИНАТА
- ОРГАНИ НА ОПШТИНАТА
- УСЛУГИ
- ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ
- УРБАНИЗАМ
- ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
- КОНТАКТ
MK
EN
ALB
11 ОКТОМВРИ – ПАТРОНАТ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА
По повод големиот празник 11 Октомври, низ игра и забава со малите дечиња општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски го одбележаа патрониот празник на градинката.
Истовремено, општина Бутел ја одбележа и Светската недела на детето. Вложувањето во децата е вложување во иднината. Тие имаат право да уживаат во модерните придобивки на денешното општество, да се воспитуваат и да учат со цел да се надградуваат и добро да се подготват за предизвиците во животот.
Општина Бутел постојано вложува во подобрување на условите во градинките. Во завршна фаза е изградбата на новата детска градинка која ќе биде модерно здание и значително ќе го реши проблемот со упис на дечиња.
Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост и нашата иднина. Светот останува на децата.