Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ЈОУДГ 11 ОКТОМВРИ -ТАШКО КАРАЏА

          Објектот „Ташко Караџа“ е изграден 1983 година и е клон на ЈОУДГ „11 Октомври“. Градинката се наоѓа во Радишани на улица „Радишанска“ бб, Бутел. Оваа градинка се состои од два објекта (стар и нов објект). Таа е исполнета со петнаесет занимални, со четири групи на деца до две годишна возраст и единаесет групи на деца од две до шест годишна возраст. Оваа градинка ја посетуваат тристатриесет и шест дечиња. Градинката  својата функција ја реализира низ следните облици на работа: целодневен престој за деца до две годишна возраст, целодневен престој за деца од две до шест годишна возраст и полудневен престој во траење од 4-6 часа, за деца една или две години пред поаѓање во училиште (овие деца се опфатени во групите со целодневен престој). Воспитно-образовната работа во оваа градинка се реализира на македонски јазик. Работното време на градинката е од 6 часот до 18 часот. Ритамот на денот во установата се прилагодува на активностите и потребите на децата, а условен е од плановите на дневните активности кои се составен дел на Годишниот план на работа. Објектот името го носи по македонскиот револуционер Анастас Ташко Караџа, кој бил член и професионален активист од пред војната, роден на 14 Април 1914 година, а починал на 23 Мај 1942 година.

Површина на дворот: 4000 м2
Површина на објектот: 2200 м2
Тип образовна институција: ЈОУДГ “11 Октовмри” – Р.Е. “Ташко Караџа”
Населба: Радишани
Адреса: ул. Радишанска ББ -Бутел, Скопје
Е-маил: tasko1.11oktomvri@gmail.com, tasko2.11oktomvri@gmail.com
Веб-страница: https://11oktomvri.edu.mk
Телефон: +389226160613; +38922673176
Директор: м-р Мими Зашовска
Број на воспитувачи/ негователи: 11 воспитувачи; 12 негователки
Број на деца: 336

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.