ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ
ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ И ПРАВНИТЕ ЛИЦА ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И КОМУНАЛНИТЕ ТАКСИ
Општината апелира до даночните обврзници, совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на Данокот на имот и комуналната такса, бидејќи тие средства се користат исклучиво за подобрување на условите за живот, преку обезбедување на подобри јавни услуги во нашата општина.
Тоа се “НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА“.
Локални даноци одредени со Закон се:
- ДАНОК НА ИМОТ (50% Град Скопје/ 50% Општина Бутел)
Предмет на данок на имот според законските одредби е недвижeн имот во сопственост и користење, освен имотот ослободен од наплата на данок според законот.
Даночни обврзници се:
Физички и правни лица, сопственици на недвижeн имот, физички и правни лица корисници на недвижен имот, во случај кога сопственикот е непознат или за кого општинската администрација нема пристап, физичко и правно лице, доколку имотот е во сопственост на повеќе лица, секој од нив е обврзан со пропорционален данок на делот на имотот, физички и правни лица корисници на недвижен имот во сопственост на државата или општината. - ДАНОК НА ПОДАРОК И НАСЛЕДСТВО (50% Град Скопје/ 50% Општина Бутел)
Предмет на данок: данок на наследство и подарок се пресметува и наплатува за недвижен имот, пари, парични барања, хартија од вредност и друг недвижен имот, доколку паричната вредност на наследство или подарок е повисока од просечната годишна плата во Македонија за претходна година.
Даночен обврзник на данок за наследство и подарок е:
Физичко и правно лице, резидент во Р.Македонија, кој наследува имот или прима подарок во земјата или надвор од неа.
Даночни обврзници се и надворешни физички односно правни лица –нерезидентни, за имотот што го наследуваат или подарокот што го примаат на територијата на Р.Македонија.
Основа на данок за наследство и подароци претставува пазарна вредност на наследениот имот, односно имотот примен како подарок, намален за долгови
( обврски) и трошоци што го оптеретуваат имотот кој е предмет на оданочување. - ДАНОК ЗА НЕДВИЖЕН ПРОМЕТ (50% Град Скопје/ 50% Општина Бутел)
Предмет на оданочување претставува недвижниот промет, односно пренесување со или без надоместок на сопственичко право како и други начини на добивка од недвижности со или без надоместок помеѓу физички и правни лица.
Даночни обврзници на данокот на промет на недвижности се :
Физичко и правно лице, продавач на недвижноста.
Даночни обврзници за данок на промет на недвижност може да биде и купувач на недвижноста доколку во купопродажната спогодба на недвижноста, со клаузула, е истакнато дека даночниот обврзник да биде купувач на недвижноста.
При размена на недвижностите, даночен обврзник е учесникот во размената кој дава за размена недвижност со поголема вредност. - ДАНОЦИ И ДРУГИ ЛОКАЛНИ ТАКСИ ОДРЕДЕНИ СО ЗАКОН
Комунални такси се приходи од локалната единица што врз основа на општинските законски одредби се наплатуват за користење на одредени права, предмети и услуги од јавен интерес со локално значење, како од физички, правни лица така и од граѓани кој вршат дејност.
Комунална такса се наплатува за:
-Комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување (30% Град Скопје / 70% Општина Бутел)
-Комунална такса за користење површини во кампови и шатори( 70% Град Скопје/ 30% Општина Бутел)