Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НАДЛЕЖНОСТ НА СОВЕТОТ

(1)  Советот

1. Го донесува статутот на општината и други прописи

2. Го донесува буџетот на општината и годишниот извештај на општината.

3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон.

4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа.

5. Именува членови во управните одбори на јавните служби,кои ги основа.

6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основа општината.

7. Ги освојува извештаите за извршување за извршување на буџетот и годишната сметка на општината.

8. Одлучува за давање на дозвола за вршање должност од јавен интерес од локално значење во согласност со закон,

9. Ги освојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби кои ги основала општината.

10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината.

11. Одлучува за начинот на вршење на финансиската контрола на буџетот на општината во согласност со закон.

12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во согласност со закон.

13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител.

14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната везбедност и безбедноста во сообраќајот и

15.Врши и други работи утврдени со закон.

(2) Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот (1) точките (7) и (9) на овој член,може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надлежниот орган за надзор. 2

(3) Раководното лице од ставот (1) точка 12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините,кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.