Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА БУЏЕТСКА КООРДИНАЦИЈА И БУЏЕТСКА КОНТРОЛА

НАДЛЕЖНОСТИ

Одделението за буџетска координација и буџетска контрола ги врши следниве работи:

  • Го координира процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиско управување и контрола;
  • Изготвува план за воспоставување на финансиско управување и контрола како и методологија за спроведување на планот кои ги одобрува раководителот на субјектот;
  • Подготвува стратешки план и предлог буџет за наредната година и повеќегодишни проекции поврзани со буџетот,
  • Подготвува предлог за изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план;
  • Подготвува Годишен финансиски извештај согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
  • Подготвува решенија за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет, врши контрола на извршувањето на буџетот; контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола);
  • Следење на реализацијата на договорите за јавните набавки и спроведува екс-анте и екс-пост финансиска контрола, вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници, работни налози, приемници и друго и нивна усогласеност со договорот за јавни набавки);
  • Изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот; следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандарди, упатства) од областа на финансиското управување и контрола;
  • Контрола на расположивоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврските.

КОНТАКТ

Раководител на Одделение: Ана Јовановска
Телефон:
Е-маил:

Работно време: Понеделник – Петок: 08:00 – 16:00 часот

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.