- ЗА ОПШТИНАТА
- ОРГАНИ НА ОПШТИНАТА
- УСЛУГИ
- ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ
- УРБАНИЗАМ
- ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
- КОНТАКТ
MK
EN
ALB
Основното општинско училиште „Панајот Гиновски“ се наоѓа во Скопје, во општина Бутел во Скопје. Во нашето училиште наставата се изведува на два јазика – македонски и албански. ООУ „Панајот Гиновски“ е образовна институција која спроведува деветгодишна образовна програма. Сите наставници ги исполнуваат потребните професионални квалификации и критериуми. Училишните програми се во согласност со усвоените програмски документи од Министерството за образование и наука.
Нашето училиште својата воспитно-образовна дејност училиштето почнало да ја остварува во учебната 1955/56 година со името “Доситеј Обрадовиќ”.
Првата учебна година ја започнало со 16 паралелки, од кои 12 на македонски наставен јазик, а 4 на турски наставен јазик, значи уште од почетокот во ова училиште соживотот бил основен постулат, а се негувале и меѓуетничките односи.
Од формирањето па се до денес училиштето и животот во него постојано се менуваат според условите, структурата и начинот на работа се со цел да се прилагоди на времето и потребите на учениците, а со тоа да ги оствари целите и задачите на воспитно-образовниот процес.
Главната цел на училиштето е да го развие и поддржи креативниот потенцијал на учениците во различни области и да им овозможи да се вклучат во сите сфери на општественото живеење. Со поддршка на технологијата во нашите класови, нашите наставници сакаат да обезбедат позитивен развој на нашите ученици со изнаоѓање нови техники за создавање помирни образовни простори со вештини од 21 век. Нашето мото е „Нашите ученицие се иднина во светот што се менува“ и затоа се трудиме тие да бидат поединци кои можат да бидат флексибилни и да се приспособат на различни култури и начини на размислување и кои имаат глобален поглед. Наставниците во училиштето ги поттикнуваат учениците да создаваат и споделуваат нови идеи, да разменуваат искуства и да бидат одговорни.
ООУ„Панајот Гиновски“ активно се вклучува во еколошки акции со цел да се поттикне еколошката свест кај учениците, хуманитарни акции и проекти. Како дел од проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“ во соработка со МЦГО и Детската фондација „Песталоци“, учениците твореа, креираа, дебатираа и учествуваа во размена на ученици во Детското село „Песталоци“, Троген Швајцарија. Низ години на своето работење, нашите ученици заедно со своите наставници учествуваа во многу проекти. Истотака, имаме остварено и соработки со други училишта, како од општината и државата, така и со училишта од соседните држави со кои се поттикнува развој на граѓански дух кај нашите учениците и развивање на професионални компетенции кај наставниците.
Во нашето училиште се посветува внимание и на интернационална соработка. Успешно се реализираа Еразмус+ проектите: „Генерирајќи ја дигиталната биосфера со кодирање“, „Ние сме различни, ние се почитуваме ние сме посилни со тебе: Дислексиjа“ и „Уживајќи во кодирањето со Скреч“. Наставниците и учениците имаа можност да ги зголемат своите дигитални вештини, да учествуваат во активности во кои беа амбасадори на нашата држава, стекнаа компетенции за работа со ученици со посебни потреби.
Површина на дворот: 4.000 м2
Површина на објектот: 8.531 м2
Тип образовна институција: Основно училиште
Населба: Бутел 2
Адреса: ул. „Ферид Бајрам“ бр.30
Е-маил: ou-panajotginovski-butel@schools.mk
Веб-страница: www.ooupanajotginovski.edu.mk
Телефон: 02/2621-416
Директор: Благородна Сотиров
Број на наставници: 57
Број на ученици: 667