Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ООУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ е лоцирано во село Љубанци, општина Бутел, поточно на 16 км оддалеченост од центарот на град Скопје. Ова училиште се вбројува во едно од најстарите училишта во Република Северна Македонија. Првиот час е одржан уште во далечната 1866 година. Во историјата на своето постоење училиштето било централно и ги опфаќало сите соседни училишта. Денес според бројот на паралелки и ученици се вбројува во групата на мали училишта. Наставата се изведува во зграда која датира уште од 1924 година, но по својот изглед и состојба во која што се наоѓа може да се спореди и со понови и посочувани училишни згради. Ова училиште покрај ученици од село Љубанци опфаќа и ученици од соседното село Љуботен кои посетуваат настава на македонски јазик. Во рамките на училиштето има и дом кој е единствен од овој тип и во кој се сместени ученици од територијата на град Скопје. Учениците се сместени во соработка со ЈУ МЦСР на град Скопје и потекнуваат од социјално ранлива категорија на семејства.  Малиот број на ученици е причина поради која и оваа учебна година училиштето ќе започне со работа по добиената сoгласност од Министерството за образование и наука за формирање на паралелки со помал број на ученици.

Површина на дворот: 600 м²
Површина на објектот: 1231.73 м²
Тип образовна институција: Основно училиште
Населба/село: Село Љубанци
Адреса: Ул.7 бр.90
Е-маил: gocedelcev_ljubanci@yahoo.com
Веб-страница: www.oougocedelcevljubanci.edu.mk
Телефон: 02/2661-250
Директор: Силвана Терзиева
Број на наставници: 17
Број на ученици: 110

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.