Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ООУ “ВИЗБЕГОВО”

Општинското основно училиште „Визбегово”-Бутел, Скопје е лоцирано на територијата на општина Бутел, во село Визбегово, на улица „Африм Житиа” бр.261 и ги опфаќа учениците од ова населено место. Училиштето својата воспитно образовна дејност ја започнува со работа од учебната 2024/2025 година, а верифицирано е со акт број 12-8762/4 од 02.10.2023 од Министерство за образование и наука. Училиштето располага со 20 училници, библиотека, училишен двор, детско игралиште, канцеларии, помошни простории и  кујна.

     Наставата во училиштето се одвива во една смена и се изведува на два наставни јазици: македонски и албански наставен јазик.Училиштето започнува со воспитно-образовен процес на учениците од одделенска настава, има 10 паралелки од 1 – 5 одделение со вкупно 240 ученика, меѓутоа секоја следна година ќе се пополнува и со паралелки од предметна настава. Училиштето се залага за развивање на позитивна и поддржувачка средина, каде што учениците имаат можност да го развијат својот потенцијал преку образовни, културни и спортски активности. Покрај редовната настава, училиштето организира разни проекти и воннаставни активности со цел да се поттикне креативноста, тимската работа и љубовта кон учењето кај учениците.

      Нашата цел е општинското основно училиште „Визбегово”-Бутел, Скопје како новоосновано училиште, да прерасне во современо училиште, кое ќе ги користи најсовремените воспитно-образовни методи, техники и ќе настојува да обезбеди постојан напредок и едуцирање на наставниот кадар. Сето тоа, е со цел создавање млади генерации кои ќе бидат подготвени да се соочат со идните животни предизвици.

      Во својата работа училиштето постојано ги користи поуките и искуствата од работата на училиштата кои се наоѓаат на територија на општина Бутел и органите во состав на нашето училиште се во постојана корелација и соработка со надлежните институции од областа на образованието.

Тип на образовна институција: Основно општинско училиште

Населба: Бутел

Адреса: улица “Африм Житиа” бр.261

Е-маил: oouvizbegovo24@gmail.com

Веб страница: /

Телефон: 072 552 255

Директор: Кадри Елези

Број на наставници: 17

Број на ученици: 240

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.