Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ПРОФИЛ НА ОПШТИНАТА

  • ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Со донесување на законот за нова територијална поделба, на 22 Април 2005 година  се формира новата општина Бутел која во минатото беше во рамките на општината Чаир. Општина Бутел зафаќа површина од 54,71 км2

Границата на Општината Бутел започнува од западната ограда на Градските гробишта “Бутел” (тромеѓа на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер – Сандево) и се движи по улицата Македонско – косовска бригада 10 до железничката пруга Скопје Север – Ѓорче Петров, свртува на запад по железничката пруга до локалниот пат за село Визбегово, свртува по локалниот пат за село Визбегово, продолжува по надворешната граница на КО Визбегово до надвозникот на железничката пруга со магистралниот пат Блаце – Скопје, свртува на југ по магистралниот пат Блаце – Скопје до крстосницата со новата улица планирана со Генералниот урбанистички план на градот Скопје, свртува на исток по улицата до крстосницата со улиците Втора македонска бригада и Македонско-косовска бригада, продолжува на исток по улицата Втора македонска бригада до крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, свртува по булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, на југ до Центарот за дератизација и заобиколувајќи го излегува на границата на парк-шумата “Гази Баба” (тромеѓа на општините Бутел, Чаир и Гази Баба), се движи по западната граница на парк-шумата, ја сече улицата Ферид Бајрам и излегува на улицата Хрватска, свртува на северозапад по улицата Хрватска до крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, продолжува на север по надворешните граници на КО Бутел, КО Радишани, КО Љуботен, КО Љубанци и повторно се движи по надворешните граници на КО Радишани и КО Бутел до тромеѓата на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер – Сандево.            

                  График. Мапа на Бутел, Град Скопје и Република Македонија

НАСЕЛЕНИЕ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

  • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Општина Бутел располага со плодно земјиште, добра географска положба, еколошки чиста и здрава средина, воден потенцијал, шумски потенцијал, потенцијал на минерали, културно-историски споменици, археолошки локалитети и пристап до слободна работна сила.

Табела: Школска подготовка над 15 години

Школска подготовка%
Без образование2,55
Некомплетно основно образование6,84
Основно образование27,98
Средно образоване50,85
Вишо образование7,81
Високо образование3,45
Магистратура0,23
Докторат0,18
Во процес на основно образование0,10
*Извор ДЗС

Преглед на невработени лица по општини во Ноември 2020

*Извор Агенција за вработување

Развојните правци на општината се ориентирани кон можностите за лесна индустрија и промовирање на можностите за инвестиции во еко-производи, лозарство и сточарство во руралниот дел на општината.

Најважни стопански гранки во општина Бутел се градежната индустрија, хемиска индустрија, текстилна индустрија, прехранбена индустрија. На територијата на општина Бутел е лоцирана и индустриската зона Визбегово. Бројот на регистрирани компании со седиште во општината е 2.000 правни субјекти.
Табела: Видови на  деловни субјекти

Трговски друштва за производствоТрговски друштва за трговијаТрговски друштва кои работат на големоТрговски друштва кои работат на малоОстанатоВкупно
5834362733034052.000
*Извор Централен Регистар


ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.