Наскоро, во соработка со МОН ќе започне реконструкцијата на фасадата на општинското основно училиште “Панајот Гиновски”.
Општина Бутел ја изработи целосната проектна документација со којашто аплицираше на повикот на МОН и се обезбедија средствата за реконструкција на фасадата.
Ова е прва реконструкција на фасадата, од изградбата на училиште во 1967 година.
Со ова значително ќе се подобрат условите за изведување на наставата, а во време на енергетска криза ќе се заштеди енергија.
Ги подобруваме условите на општинските основни училишта.