Почитувани граѓани на општина Бутел,
Пред нас е уште едно лето, а тоа за мене значи нова градежна експанзија во Општина Бутел, нови проекти за граѓаните и реализирање на ветувањата кон граѓаните.
Ова градежно лето ќе биде со уште поголем интензитет и поголема динамика од предходното лето, а тоа значи и реализација на повеќе проекти.
Ќе асфалтираме нови 25 улици, од кои 5, главни клучни сообраќајници кои се под надлежност на Општина Бутел.
Уредувањето на речното корито на река Серава во Радишани, ќе биде носечки проект на ова градежно лето, кое во должина од 1500 метри ќе започне наскоро да се уредува.
Нов плоштад “Слобода”.
Ново лед осветлување, смарт општина Бутел.
Нови спортско рекреативни центри во населените места Љуботенски Пат и Бутел 1 на улица Бетовенова.
Ново фудбалско игралиште со вештачка трева од затворен тип.
Нова пешачка патека во должина од над 1000 метри во населеното место Љуботенски Пат.
Нов потпорен ѕид во населеното место Радишани, помеѓу улиците 50 и 48.
Нови мали плоштади во повеќе населени места.