На мое големо задоволство, денес го објавуваме новиот изглед на речното корито на река Серава.
Едно од најголемите барања на граѓаните на Општина Бутел ќе стане реалност!
Во изминатата година и половина работевме на изработка на основниот проект и финалниот изглед на речното корито.
Во првата фаза ќе се уреди речното корито на река Серава, во должина од 1500 метри во населеното место Радишани. Паралелно ќе се пристапи и кон изградба на нова пешачка патека.
Во изминатиот период тука изградивме и модерен спортско рекреативен центар “Македонија”, со кој им се овозможи нов простор за спорт и рекреација на граѓаните од ова населено место.
Заедно го менуваме ликот на општина Бутел, заедно ќе спортуваме и ќе рекреираме на овој кеј!
Ветувањата ги реализираме!