За првпат, Општина Бутел ќе обезбеди униформа за секој ученик од општинските основни училишта. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.
Ова е уште една мерка во низата мерки коишто се преземени во изминатиот период, со цел да се овозможат подобри и еднакви услови за сите.
Соочувајќи се со големите поскапувања, зголемените сметки и зголемените трошоци за живот, Општина Бутел и јас како градоначалник, одлучивме дополнително да им помогнеме на родителите.
Минатата година, за првпат од постоењето на Општина Бутел обезбедивме ранец и училишен прибор за секое прваче во нашите општински основни училишта.
Со истата мерка ќе продолжиме и оваа година.
Со повеќе проекти се обидуваме да ги ублажиме ефектите од огромната финансиска криза, во која се наоѓа Република Македонија.