Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ И НОВО ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ВО ООУ “ПЕТАР ЗДРАВКОВСКИ ПЕНКО” ВО СКОПЈЕ СЕВЕР

Во ООУ “Петар Здравковски Пенко” во населеното место Скопје Север реализирани се нови два проекти, ново детско игралиште за најмалите и ново партерно уредување во училиштите.

Детското игралиште е опремено со нови реквизити за рекреација на најмладите, нова мека подлога и ограда за зголемена безбедност.
Во средината на општинското основно училиште поставено е ново партерно уредување, со што се уреди овој простор.
Со ова се подобруваат условите и се создаваат нови катчиња за најмладите, каде ќе можат да го минуваат своето слободно време.

Благодарност до општествено одговорните фирми, кои помогнаа во реализирање на овие проекти.

Продолжуваме со инвестициите во образованието и општинските основни училишта!

Previous ОБЕЗБЕДУВАМЕ БЕСПЛАТНИ УНИФОРМИ ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.