Ветувањето на Градоначалникот Дарко Костовски кон чичко Симе, Агим, Сафет, Перо, Мерсо и сите останати жители на овие улици се реализира во населеното место Визбегово.
Денес започна целосната реконструкција и саницаја на нови две улици во населеното место Визбегово.
Овие улици за прв пат ќе добијат асфалт по машинското гребење и поставување на нов тампон. Ќе се постават и сливници на соодветни места со што ќе се надмине проблемот со поплавување на домовите при обилни дождови.
Градежнто лето се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните.
Ова се улици кои се дел од новата голема акција со асфалтирање на улици на цела територија на општина Бутел. Опфатени се над 25 улици улици кои за прв пат ќе добијат асфалт.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.