Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР СО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ, НА УЛИЦА “8”

Во населбата Радишани, на местото познато како “Жегровец” поточно на поранешната депонија на улица “8”, ќе никне ново урбано катче!

На ова место е предвидено да има ново детско игралиште со модерни содржини, нов летниковец за одмор, ново лед осветлување. Ќе биде поставено и ново зеленило и целиот простор ќе биде хортикултурно уреден.

Ова е уште едно ветување на градоначалникот Дарко Костовски, коешто се реализира. До крајот на неговиот мандат, секое населено место ќе добие катче за рекреација.

Општина Бутел се менува!

Previous ИЗЈАВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДАРКО КОСТОВСКИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.