Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

НИКОЈ НЕ Е НАД ЗАКОНОТ

Денес, општина Бутел спроведе акција којашто ќе заврши со кривична пријава и ослободување на узурпирано државно земјиште на територијата на општина Бутел. Никој не е над законот.

Утрово, заедно со инспекциските служби на општина Бутел, во координација со Министерството за внатрешни работи се постапи согласно закон, при узурпација на државно земјиште.

Отстранета е ограда поставена на државно земјиште, најверојатно за плац за продавање на автомобили.

Градоначалникот Дарко Костовски упати апел до сите граѓани на општината, за почитување на законот. Истовремено, нагласи дека поради довербата којашто граѓаните му ја изразуваат, тој е должен безкомпромисно да се бори за еднакви услови за сите граѓани и неселективно спроведување на законот.

Previous ДОНЕСЕНА ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ЗА ОСНОВАЊЕ НА НОВО ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ВИЗБЕГОВО

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.