Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ОПШТИНА БУТЕЛ Е ПОДГОТВЕНА ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

Денес, градоначалникот Дарко Костовски одржа работен состанок со директорите на основните општински училишта и директорката на градинката. На состанокот се разговараше за тековните активности и за претстојната учебна година.

Сите општински основни училишта се подготвени за почетокот на новата училишна година.

Летниот период беше активно искористен за реконструкции и реновирања во училиштата. Се реконструираат и тоалетите во дел од училиштата, како и останато партерно уредување.

Градоначалникот Дарко Костовски ги извести директорите дека за првачињата е обезбедено ранче и училишен прибор. Исто така, во текот на првото тромесечие, на сите ученици ќе им бидат доставени и униформите.

Previous РЕКОНСТРУКЦИИТЕ НА ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА СЕ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.