Општина Бутел изгради нова пешачка патека на улица “30”, во населеното место Љуботенски пат.
Започна градежниот бум во населеното место Љуботенски пат.
Ова е само прв проект во низата коишто ќе следат. Овде граѓаните беа заборавени 30 години, но за една година целосно ќе се промени ликот на ова населено место.
Љуботенски пат доби нова пешачка патека во должина од 800 метри и ширина 2,25 метри, на потегот од обиколницата до автобуската станица.
На патеката ќе биде поставено и ново лед осветлување. Општина Бутел ја зголемува безбедноста. Граѓаните повеќе нема да се движат по улицата.
Со ова се реши еден голем, горчлив проблем на граѓаните од ова населено место, којшто не бил решен повеќе од 30 години.
Наскоро, во ова населено место започнува изградбата на новиот спортско-рекреативен центар “Бранители”. Ова ќе биде еден од најубавите и најмодерните спортско-рекреативни центри, со нови модерни игралишта за фудбал и кошарка, детско игралиште, простор за вежбање како и плоштад со нова урбана опрема.
Следната пролет, согласно планираното ќе се реконструира и главната улица “30”. За истата веќе е изработена целосна проектна документација.
Работиме посветено во интерес на граѓаните.