Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВИ ДВЕ УЛИЦИ ЗА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЈАТ АСФАЛТ

Општина Бутел продолжува со реконструкција на улица “62” и крак на улица “Радишанска”.

Продолжува реконструкцијата на улиците во општина Бутел, коишто се опфатени со првата фаза. Ова се улици кои на големо задоволство на граѓаните, за првпат ќе добијат асфалт.

Овие краци за првпат ќе добијат асфалт, по машинското гребење и поставување на нов тампон. Ќе се постават и сливници на соодветни места, со што ќе се надмине проблемот со поплавување на домовите при обилни дождови.

Во текот на мандатот на градоначалникот Дарко Костовски нема да остане неасфалтирана улица на територија на Општина Бутел.

Општина Бутел продолжува со активностите во останатите населени места, коишто се опфатени со првата фаза.

Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.

Previous ОПШТИНА БУТЕЛ ПРОДОЛЖУВА СО РЕКОНСТРУКЦИИТЕ ВО ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.