Градоначалникот Дарко Костовски го отвори новиот спортско-рекреативен центар “Го сакам Бутел” и истакна дека тоа е посебен момент. Местото на коешто тој израснал и многу други генерации, местото кое се нарекувало “ливада”, денес прерасна во нов модерен спортско-рекреативен центар.
Новиот спортско-рекреативен центар “Го сакам Бутел” содржи ново фудбалско игралиште со вештачка трева, нов терен за кошарка со сертифицирана FIBA подлога и детско игралиште со модерни содржини. Покрај спортските игралишта поставени се клупи и летниковец, ново лед осветлување, ново зеленило и целиот простор е хортикултурно уреден.
До крајот на мандатот на градоначалникот Дарко Костовски, секое населено место ќе добие свое катче за рекреација и спортување.
Општина Бутел се менува.