ИЗГРАДБАТА НА РЕЧНОТО КОРИТО И ТРИМ ПАТЕКА НА РЕКА СЕРАВА Е РЕАЛНОСТ
Денес е еден од најубавите денови, ден за историја и ден за најголемиот проект којшто ќе се реализира во општина Бутел.
Проект којшто 30 години беше ветуван на граѓаните на општина Бутел, од денес станува реалност.
Едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел, денес се реализира.
Во изминатата година и половина општината работеше на изработка на основниот проект и финалниот изглед на речното корито.
Во првата фаза ќе се уреди речното корито на река Серава, во должина од 1500 метри во населеното место Радишани.
Паралелно ќе се пристапи и кон изградба на нова пешачка патека.
Изгледот на општина Бутел се менува, сите граѓани ќе спортуваат и ќе се рекреираат на овој кеј!
Ветувањата се исполнуваат.