Бел Камен е населено место кое досега беше заборавено од сите градоначалници и кадешто не се инвестираше воопшто. Наскоро, во ова населено место ќе се подобрат условите за живеење и ќе бидат реконструирани 3 улици, коишто се надлежност на општина Бутел.
Целосната проектна документација е изработена и по завршување на тендерската документација ќе се пристапи кон изведба.
Нема заборавени места. Општина Бутел рамномерно вложува во сите населени места.