Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

РЕАКЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДАРКО КОСТОВСКИ, ВО ВРСКА СО ОПСТРУКЦИИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ЗА 26 СОГЛАСНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Градоначалникот Дарко Костовски нема да дозволи да биде попречен воспитниот процес за децата во градинките во општина Бутел.
Станува збор за голем скандал кој почнува да наликува на нехуманост, од страна на министерството за труд и социјална политика и г-ѓа Јована Тренчевска.

Имено, Министерството за труд и социјална политика за период од две години, на општина Бутел не и одобрува 26 согласности (вработувања) по основ на пензионирање и откази – 16 согласности за воспитувачки и негувателки и 10 согласности за помошно технички персонал.

Со ваквото постапување, Министерството за труд и социјална политика удира директно врз децата. Секој ден групите на дечиња во градинките се зголемуваат при што градинките се приморани да редуцираат, а со тоа да го намалат квалитетот на воспитно образовниот процес.

Градоначалникот Дарко Костовски бара итна реакција од надлежните. Доколку не се постапи по барањето, следен чекор ќе бидат протести заедно со родителите, пред Министерството за труд и социјална политика.

Previous МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ДАРКО МАРКОВИЌ 1987 – 2012

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.