Денес, градоначалникот Дарко Костовски заедно со учениците од ООУ “Ацо Шопов” го одбележаа „16 октомври-Светскиот ден на здрава храна“.
Градоначалникот готвеше заедно со учениците и целата приготвена храна ќе се донира на социјално загрозени семејства од општина Бутел.
Овој настан на којшто имаше и претставници од средното угостителско училиште “Лазар Танев”, нутриционисти и готвачи има за цел подигнување на јавната свест за важноста на одржливото производство на храна и здравата исхрана, за остварување на свет без глад.
Светскиот ден на храната и оваа година е посветен на учениците и младите, нагласувајќи ја важноста на училиштата и градинките како место за подобрување на квалитетот на исхраната и едукацијата на децата.