НИКОЈ НЕ Е НАД ЗАКОНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Ова беше децениски и многу голем проблем на граѓаните од ова населено место. Узурпаторите покрај тоа што го прекршиле законот, имале и исклучително лош однос со граѓаните.
Законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без отстапки, се додека градоначалник на Општина Бутел е Дарко Костовски.
Градоначалникот работи во интерес на сите граѓани, постапува и ги поддржува чесните луѓе.
На ова место, по отстранувањето ќе биде изграден нов парк и ново урбано катче за жителите од Скопје Север.
Додека градоначалникот Дарко Костовски ја извршува функцијата, сите граѓани ќе бидат исти и еднакви.