Денес, градоначалникот Дарко Костовски гостуваше во утринските емисии на телевизиите “Канал 5” и “Алфа” и го најави големиот музички хепенинг, којшто ќе се одржи овој викенд во општина Бутел.
На 27 и 28 октомври 2023 год., со почеток во 20:00 часот, на големиот паркинг кај паркот “Олимписки сон”
(до ООУ “Св.Климент Охридски”) сите граѓани ќе имаат можност да се забавуваат со најголемите македонски музички изведувачи – Пајак, ДНК, Лозано, Таско, Андријана Јаневска, Бојан Велевски и Ламбе.