Денес, учениците од ООУ “Живко Брајковски” и ООУ “Св. Климент Охридски” ја посетија општина Бутел и се запознаа со работата на градоначалникот, Советот на општината и општинската администрација.
Градоначалникот изрази голема благодарност за прекрасните подароци, кои учениците сами ги изработиле во форма на македонското знаме и грбот на општина Бутел.
Воедно, градоначалникот даде ветување дека заедно со сите граѓани ќе ги решава проблемите и ќе ја гради иднината на општина Бутел.