Стариот добро познат “Расадник” кој ги поврзуваше младите генерации од Бутел 1, ќе блесне во ново руво.
“Стариот Расадник” кој се наоѓа помеѓу ул. “Бетовенова” и ул. “Душко Поповиќ” ќе се протега на површина од 3000 м2. Зачувување и негување на маалскиот живот е цел на градоначалникот Дарко Костовски.
Ќе биде изградено ново детско игралиште, кое ќе го замени старото и уништено игралиште.
Ќе се изгради и ново фудбалско игралиште, на местото на старото игралиште коешто повеќе не постои, ново игралиште за баскет, нов парк и нова зелена површина.
Она што предходно беше лажно ветување и манипулирање со граѓаните, сега ќе се оствари во ново руво какво што долги години се очекува.
Маалскиот дух се чува и негува.
Општина Бутел се менува.