Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ПОКАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДАРКО КОСТОВСКИ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

“Почитувани граѓани на општина Бутел,

Ве покануваме во вторник на 28.11.2022 од 17:00 до 19:00 часот во големата сала на oпштина Бутел заедно да го креираме и создадеме буџетот на oпштина Бутел за 2024 година. Вашите предлози, вашите идеи, решенија, сугестии за подобра, модерна и стабилна oпштина Бутел ќе бидат дел од проектите за новиот буџет за 2024 година.Со цел поголема вклученост на граѓаните оваа година воведовме дополнителни алатки за комуникација.
За првпат тимови организирани од oпштина Бутел ги посетуваат сите домаќинства.
Секој граѓанин, сопствените предлози и идеи може да ги достави и преку:
архивата на општина Бутел,
на телефонскиот број +389 75274421 и на е:пошта info@opstinabutel.gov.mk

Создаваме граѓански буџет и ги вклучуваме сите граѓани. Заедно да ја создадеме иднината. Заедно да донесеме одлуки за приоритетите во населените места.” – градоначалник Дарко Костовски.

Previous БРЗА РЕАКЦИЈА НА СЛУЖБИТЕ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.