За првпат ќе се асфалтира крак на улица “Хо Ши Мин”, кој се наоѓа во урбан дел на населбата Бутел 1. Покрај тоа, се реши и проблемот на граѓаните со атмосферската канализација.
Општина Бутел продолжува со голем интензитет темелно да ја подобрува патната инфраструктура во општината. Следи асфалтирање на улици во Визбегово, Бел Камен, Расадник, Љубанци и Љуботен.