Денес, градоначалникот Дарко Костовски потпиша договор за реализација на проектот за изградба на нова детска градинка, во населеното место Бутел 2.
Руинираната детска градинка во Бутел 2 заминува во историја.
Населеното место Бутел 2 ќе добие нова градинка со современи услови за најмладите. Во новата градинка ќе се згрижат над 200 дечиња.
За неколку месеци, општина Бутел ќе започне со изградба на новата детска градинка.
Ова е нов,голем капитален проект којшто не беше ветен во предизборната програма на градоначалникот, но со голем труд ќе се реализира. Ова воедно е и најголемото барање на граѓаните на Бутел 2.
Влогот во најмладите е влог во нашата иднина.