Општина Бутел ја продолжува традицијата и оваа година, како покровител на третиот новогодишен турнир за младински категории во фудбал.
Општината обезбеди квалитетни услови за игра, медали и пехари, новогодишни пакетчиња и благодарница за секој учесник.
Наградите за најдобрите ги доделија градоначалникот Дарко Костовски и македонските спортски легенди Борко Ристовски и Кочо Димитровски.
Општина Бутел беше домаќин во спортската сала “Антон Димитров” на повеќе од 300 дечиња од Скопје и Македонија, кои низ фудбалската игра се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници.
Општина Бутел изразува благодарност до ФК “Бутел” како технички организатор на овој убав традиционален турнир.
Локалната самоуправа и градоначалникот Дарко Костовски ќе бидат постојани партнери на младите и секогаш ќе го поддржуваат спортот.










