Денес, на седница на Советот на општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала општина Бутел.
Советниците усвоија развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните. За жал советниците од СДС и Левица не го поддржаа буџетот, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на општина Бутел.
Со овој буџет се обезбедени рекорден број на финансиски средства за капитални проекти.
Со овој буџет се обезбедени финансии за реализација на:
Нова детска градинка во населеното место Бутел 2
Уредување на коритото на река Серава
Реконструкција и ревитализација на локални улици
Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
Изградба на нови спортско-рекреативни центри
Нови детски игралишта
Нови спортски игралишта
Нови пешачки и пристапни патеки
Поддршка на спортски клубови
Спортски стипендии
Субвенционирање на кровови и фасади
Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
Финансии за културни и спортски настани
Во овој буџет предвиени се 0 (нула) средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.
Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби.
2024 година ќе биде година на развој, на многу нови значајни проекти во сите населени места.




