ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДАРКО КОСТОВСКИ
“Изразувам благодарност до граѓаните на општина Бутел кои во изминативе 2 години, несебично и безрезервно ме поддржуваа секојдневно, благодарност за идеја, за секој искрен и чесен пристап, но и за секоја критика.
Изразувам посебна благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ професор д-р Христијан Мицкоски, кој несебично ми дава поддршка во овие две години.
Изминаа две години на кои сум особено горд, две годни во кои јас и мојот тим неуморно работевме за модерна, просперитетна и напредна општина Бутел.
Овие две години ги одбележуваме со рекордни 64.000.000 денари вложени во образованието.
Инвестиравме и 6.000.000 денари во детските градинки.
Општина Бутел за само 2 години го презема приматот на најспортска општина во Република Македонија. Инвестиравме рекордни 51.000.000 денари во спортот и спортската инфраструктура.
Изградени се два нови спортско-рекреативни центри.
За 2 години успеавме да асфалтираме 60 нови улици.
Нова детска градинка во Бутел 1, инвестиција во вредност од 35.000.000 денари.
Училиштето во Визбегово кое е во вредност од 106.000.000 денари е веќе завршено.
Општина Бутел за првпат доби и плоштад на површина од 500 метри квадратни и парк на 2000 метри квадратни.
Изградени се детски игралишта во сите населени места.
Но, тука не застануваме!
Новата 2024 година ја започнуваме со големи капитални инвестиции. Нова детска градинка во Бутел 2, нови 2 спортско-рекреативни центари, потпорен ѕид, нови улици и многу други проекти кои ги ветивме пред нашите граѓани.
Продолжуваме со уште посилно темпо!
За модерна, урбана и европска општина Бутел” – градоначалник Дарко Костовски.