Општина Бутел продолжува со проектот за изградба на нови фитнес зони.
Во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски” е изградено уште едно ново фитнес игралиште.
Фитнес зоната се протега на површина од 100 м2, опремена со потребните реквизити за подобра физичка кондиција и подобрена здравствена состојба на сите корисници.
Реквизитите се едноставни и безбедни за употреба – за почетници, како и за искусни корисници. Покрај тоа, реквизитите се заштитени од оштетувања, при соодветно користење.
Општина Бутел продолжува со инвестирање во здравиот начин на живот.







