Во втората половина на март 2024 година општина Бутел ќе започне со изградба на велелепен спортско-рекреативен центар во населеното место Љуботенски Пат. СРЦ ќе го носи името “Бранители”.
Спортскиот центар ќе биде составен од фудбалски терен со вештачка трева, игралиште за баскет со специјална подлога, детско игралиште, парк, плоштад и ново лед осветлување.
Општина Бутел поставува нови стандарди за урбано живеење.