Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

10.000.000 ДЕНАРИ ИНВЕСТИРАНИ ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ

Децата се нашата иднина. Децата се причина за сета наша среќа, за сите наши насмевки. Затоа грижата за нив е секогаш посебен мотив.

Во изминатите години откако градоначалникот Дарко Костовски ја презеде функцијата се инвестирани 10.000.000 денари во клоновите во детската градинка „11 Октомври“, со што се подигна квалитетот и условите во детската градинка.

Детската градинка „11 Октомври” во изминатиот период доби ново возило, нови масички и столчиња, нови креветчиња за сите јасли групи во сите клонови, нова апаратура во пералната која не е промената од 1978 година, нови дидактички играчки, нова детска едукативна литература, нова помошна апаратура во кујната, бела техника составена од професионални правосмукалки наменети за подобра чистота во објектите, нови табли, нови подни подлоги, нови душеци, прекривачи и фротирки.

Наскоро започнува со изградба и новата градинка во Бутел 2.

Општина Бутел вложува во подобрување на стандардот на образованието, при што посебно се води грижа за децата од предучилишна возраст.

Детскиот развој е врвен приоритет на градоначалникот Дарко Костовски. Вложувањето во градинките ќе продолжи.

Previous ОПШТИНА БУТЕЛ ДОДЕЛИ 110 СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА НАЈУСПЕШНИТЕ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.