Денес, во Љуботен започна големата акција за чистење на нови депонии.
Поставени се информативни табли со коишто се укажува на забраната за фрлање на шут и ѓубре на веќе исчистените депонии.
Од првиот ден на преземање на функцијата на градоначалникот Дарко Костовски, се спроведуваат активности за расчистување и спречување на создавање на диви депонии.
Заедничка цел е општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат партнер во одржување на хигиената.
Зелена и чиста општина Бутел за поздрава иднина за сите нас.






