Местото кое досега беше заборавено од сите и каде што не се инвестираше, ќе добие подобрени услови за живот.
Општина Бутел започна со целосна реконструкција на 3 улици во населеното место Бел Камен, коишто се под надлежност на општината. Овие улици ќе добијат нов асфалт, по машинското вадење на постоечкиот и дотраен асфалт.
Овие инфраструктурни зафати коишто се преземаат во сите населени места, значат надминување на постоечките проблеми кои се недозволиви.
Нема заборавени места, локалната самоуправа вложува во сите места рамномерно.