Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ОПШТИНА БУТЕЛ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ПРОЕКТОТ “КРЕНИ ГЛАС ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО”

Денес, градоначалникот Дарко Костовски го потпиша Mеморандумот за соработка помеѓу oпштина Бутел и “Макпетрол”, со којшто локалната самоуправа се приклучи на проектот “Крени глас против врсничкото насилство”.

Овој проект ќе се спроведува во сите општински основни училишта, преку едукативни работилници за учениците.

Воедно, општина Бутел е една од првите општини којашто силно се посвети на решавање на проблемот со врсничко насилство.

Општината презеде повеќе активности и овозможи обуки за стручниот и наставниот кадар во основните училишта и градинките.

Општина Бутел секогаш ќе биде партнер за реализација на проекти, кои се во насока на надминување на каков било вид насилство.

Previous НОВОТО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ВО ВИЗБЕГОВО

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.