Општина Бутел по барање на граѓаните и врз основа на утврдената фактичка состојба на терен, започна со изведување на градежни активности за асфалтирање, санација и крпење на ударните дупки на целата територија на општина Бутел.
Активности за крпење на ударни дупки и санација на делови од улиците се во интезивен тек, а според планираното до крајот на наредната седмица оваа фаза ќе биде завршена.
Воедно, општина Бутел ги известува граѓаните дека се преземаат активности за крпење на ударни дупки на улици коишто не се во план за целосно асфалтирање оваа година.