Уште едно барање на граѓаните се решава во најбрз рок.
Општината презеде активности за партерно уредување со ново зеленило, во населеното место Бутел 2 на ул.,,Никола Петров”.
Градежните активности на улицата ,,Никола Петров” во Бутел 2 опфаќаат партерно уредување на просторот околу зградите, нови паркинг места, нови пристапни патеки, нови клупи и ново зеленило.
Со павер елементи ќе бидат поплочени пешачките патеки.
Овие градежни активности имаат за цел да создадат современи услови за одмор и дружење.
Општина Бутел инвестира во сите делови на општината.
Еднаков и рамномерен развој