Денес, oпштина Бутел по вторпат организираше “Олимпијада на Бутелски Сезнајковци” на коja учествуваа најдобрите ученици од 7 општински училишта.
Низ 4 игри – квиз на знаење, асоцијации, буква по буква и игра за подготвеност, многу забава и дружење беа избрани најдобрите од најдобрите ученици кои ги претставуваа своите основни училишта.Прво место освоија учениците од ООУ “Св. Климент Охридски”, второ место ООУ “Гоце Делчев” и трето место ООУ “Панајот Гиновски”.
Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки за сите учесници на овој квиз и изрази благодарност до општествено одговорните компании кои ги наградија учесниците.
Општина Бутел континуирано вложува во унапредување на образовниот процес.
Инвестирањето во квалитетно образование е влог во иднината