Уште едно барање на граѓаните е реализирано во најбрз рок. Барањето кое жителите од ова населено место го доставија до општината, веднаш е исполнето.
Во Бутел 2 е извршено партерно уредување на просторот околу зградите, обезбедени се нови паркинг места, нови пристапни патеки, како и ново зеленило.
Овие градежни активности имаат за цел да создадат современи услови за одмор и дружење.
Локалната самоуправа инвестира во сите делови на општина Бутел, за еднаков рамномерен развој.