Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР “БРАНИТЕЛИ” ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО ЉУБОТЕНСКИ ПАТ

ОВА ЦЕЛОСНО РУИНИРАНО ИГРАЛИШТЕ НА ЉУБОТЕНСКИ ПАТ ЌЕ ПРЕРАСНЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ОТВОРЕНИ СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИ ЦЕНТРИ ВО ГРАДОТ

Овој нов комплекс ќе се протега на површина од 5000 м2.

Ова е место на коешто во минатото пораснаа многу генерации, но за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија.

Спортско-рекреативниот центар “Бранители” којшто ќе се протега на површина од 5000 м2 ќе има модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување. Исто така, ќе се изгради ново баскет игралиште со специјална подлога, ќе се изврши реконструкција на детското игралиште, ќе биде изградена нова фитнес зона за вежбање и рекреирање, нов парк и нови зелени површини, нови пешачки патеки, урбана опрема, како и ново лед осветлување.

Општина Бутел се менува. Граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат – модерна и урбана општина со многу содржини.

Previous ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “КУЛТУРОЛОШКИ ТОЧКИ НА МАКЕДОНИЈА”

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.